БИТИЌИ ЗА ГОЛЕМИОТ РЕЈТИНГ НА ГРУЕВСКИ: Моќта против која се боревме има длабоки корени, за да се поништат ни треба подолг период

news
Advertisement

Вицепремиерот Фатмир Битиќи синоќа ги коментираше резултатите од анкетите за ниската довербата на граѓаните во судството и високиот рејтинг на поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

Advertisement

Според вицепремиерот чија партија СДСМ е на власт половина деценија, смета дека „во институциите се уште има остатоци од поранешниот режим на Груевски“. – Таа моќ со која толку упорно се боревме имаше многу длабоки корени, а за да се поништи такво нешто, потребен е малку подолг период. Сè уште гледаме дека, иако има промена на власта, во различни институции преовладува она што го видовме во периодот 2006 – 2016 година, изјави Битиќи. Тој беше гостин во емисијата Клан дебата на ТВ Клан со новинарот Џумадије Ибраими.

Инаку вчера беше објавена опсежна анкета на ИРИ за рејтингот на судството, партиите, министрите во Владата, политичарите… во која и по пет години политички прогон, Груевски е политичар кој има највисок рејтинг кај граѓаните во Македонија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.