И СЕМКАРНИЦИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ДАНОЦИ, нема веќе ослободување за компании со мал промет, АМА ИМА СИВА ЕКОНОМИЈА

news
Advertisement

Занаетчии, фризерници, мали трговци, семкарници, бутиции… ова се само мал дел од бизнисите и дејности кои ќе мораат од следната година да плаќаат данок поради даночните промените кои се планираат во Законот за данок на добивка кој е веќе во Собрание.

Advertisement

Упатени лица за Фактор објаснуваат дека досега сите компании кои имале промет до 3 милиони денари на годишно ниво биле ослободени од плаќање даноци, додека компании кои остварувале меѓу три и шест милиони денари можеле да бираат дали ќе платат данок на добивка како и сите други компании од 10 отсто, или пак еден процент од прометот.

– Секоја семкарница, бутик, чевлар, кројач и многу други професии ќе треба да плаќаат даноци. Секоја фирма која има под 3 милиони денари промет на годишно ниво. Средствата кои ќе се слеат во буџетот воопшто нема да бидат многу, ама со сигурност ќе имаме многу компании кои ќе затворат. Сите промени кои се прават се удар врз малите компании, иако тие се едни од главните носители на прометот, и не остваруваат високи приходи – вели нашиот соговорник кој инсистираше на анонимност, и додава дека со оданочување на малите компании само ќе ги поттикнат поголем дел од нив да се откажат од дејноста.

Со реакција излезе и Сојузот на Стопански комори на Македонија од каде посточуваат дека со уинувањето на ослободувањето за плаќање данок на приход до три милиони денари за компаниите, како што предлагаат измените на законот се создава дополнително оптоварување за 50 илјади деловни субјекти и дека не е во духот на правично оданочување.

– Концептот на правично оданочување значи дека во даночниот систем треба да бидат опфатени нерегистрираните субјекти кои сега работат во сивата зона и не плаќаат никакви давачки, со што ќе престанат да бидат нелојална конкуренција на микро и малите деловни субјекти кои пак се значајна алка во економскиот еко систем – посочуваат од ССК. Од Сојузот дополнуваат оти за опстанок на микро и мали деловни субјекти бараат да не се укинува досегашното ослободување од данокот на добивка на оние кои имаат промет до 3 милиони денари.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.