Битиќи: Кризните мерки ќе бидат за граѓаните, а не за калкулациите на трговците

news
Advertisement

„Стопанската комора треба да биде еден од чинителите што знаат дека антикризните мерки овој момент треба да бидат насочени кон граѓаните, а не кон стопанството“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на одговарајќи на новинарско прашање дека коморите не се информирани или консултирани за новиот пакет антикризни мерки.

Advertisement

Тој додаде дека податоците во овој момент не укажуваат дека се потребни мерки кои директни би требало да помогнат на стопанството.

„Антикризните мерки не се носат за трговците, за да нешто некој некаде калкулира. Антикризни мерки ќе се донесат за граѓаните, да им се помогне на тие кои најмногу денес им е потребно. Сакаме да се справиме со последиците затоа што причините институционално ќе ги решаваме. Последиците се тие, денес штетата најголема ја трпат крајните корисници и затоа сметаме дека треба таму да се насочиме со мерки“ рече Битиќи.

Вицепремиерот рече дека собраниската седница ќе се одржи на 19 септември, а штом почне процедурата ќе се спремат и обзнанат мерките.

„Моето очекување е дека одредени мерки веќе со почеток на ноември би требало да бидат активни за нашите граѓани“, рече Битиќи.

Извор: https://www.brif.mk/bitiki-kriznite-merki-ke-bidat-za-graganite-a-ne-za-kalkulaciite-na-trgovcite/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.