Две деца примија трикафта, белодробната функција им е подобрена

news
Advertisement

Две малолетни пациентки со цистична фиброза, Стефанија (13) и Хатиџе (15), во четвртокот го примија лекот Трикафта на Клиниката за детски болести.
Министерот за здравство, Илир Демири, кој денес ги посети рече дека пет дена по примањето на лекот белодробната функција им е подобрена, а модуларната терапија дава брз ефект.
„Ме информираа дека сега животот им е поубав. Подобро дишат, имаат зголемен апетит и задоволни се што почнаа да го примаат лекот кој живот значи. Среќен сум што ги враќаме насмевките кај пациентките, но и кај нивните родители. Чест ми е што денеска имав можност да ги запознаам и да поразговарам со Стефанија и Хатиџе. И државата и Министерството за здравство се грижат за пациентите со цистична фиброза“, вели Демири.
Досега, 32 пациенти имаат примено трикафта кои етапно се вклучуваат на терапија.
Лекот е безбеде, одобрен од Европската медицинска агенција и ефектот од терапијата е брз, значителен и одржлив.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.