Битиќи – Филипиду: Добрососедските односи помеѓу Северна Македонија и Грција носат значителни придобивки за двете земји

news
Advertisement

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска оствари средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, на која и посака добредојде во нашата земја и успех во новиот мандат.

Advertisement

На почетокот на средбата вицепремиерот Битиќи ја поздрави одлуката на судот на Грција за отворање на Центарот за македонски јазик во Република Грција, потенцирајќи ги добрите соседски односи кои веќе носат значителни придобивки за двете земји.

Амбасадорката Филипиду искажа подготвеност за уште позасилена соработка и продлабочување на економските односи помеѓу двете земји за потполно искористување на потенцијалот кој го имаме.

На состанокот вицепремиерот Битиќи и амбасадорката Филипиду зборуваа за заедничките инвестиции на двете земји во енергетика и диверзификација на изворите на енергија, кои се од големо значење на Северна Македонија но и целиот регион.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.