Битола – Возејќи пукал со пиштол. Завршил со белезници во рацете

news
Advertisement

На 21.04.2023 во 08.00 часот во Битола на ул. “8-ми Септември“ полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 20 години и двајцата од Битола кои биле со патничко моторно возило “бмв х5“ со битолски регистарски ознаки, поради добиена пријава околу 07.00 часот дека едно од лицата пукало на ул. “Цане Василев“.

Advertisement

При преглед во возилото биле пронајдени и одземени пиштол и девет куршуми.

Нема повредени лица, а на местото на настанот биле пронајдени и подигнати две чаури.

Известен бил Јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.