Битола: Фатен како краде. Признал уште десетина други кражби

news
Advertisement

МВР соопшти дека на 14.09.2022 во 14.50 часот на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола, полициски службеници од Криминалистичка полиција и Полициска станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола лишиле од слобода 52 годишно лице од с. Канатларци, прилепско.

Advertisement

Како што стои во соопштението на полицијата тој бил затекнат при извршување тешка кражба од трансформатор. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од други кривични дела, кои, исто така, биле вратени на сопствениците.

Лицето било приведено во полициска станица и во службен разговор признал уште 13 кривични дела „тешка кражба“. По целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштува МВР./tera.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.