Битолските спасувачи се вратија од Турција, наградени се со по една просечна плата

news
Advertisement

Битолските спасувачи Петар Нолев, Зоран Балуловски, Владо Николовски, Петре Илиоски и Игор Радичовски, утрово се вратија од турскиот град Адијаман, каде заедно со другите спасувачки екипи работеа на пронаоѓање и спасување на евентуално преживеани луѓе и извлекување на жртвите, после катастрофалниот земјотрес што се случи минатиот понеделник во Турција и во Сирија, информираше Општина Битола. Во знак на благодарност за хуманоста и пожртвуваноста градоначалникот Тони Коњановски ги награди петмината битолски спасувачи. Во спасувачката акција, се вклучиле веднаш после 30 часовното патување, соочувајќи се со тешки состојби и огромна тага во разрушениот турски град. Сепак, желбата да се помогне во спасувањето на човечки животи, била доволно силна, да се работи сѐ додека за тоа постоело надеж, сведочат битолските спасувачи.

Advertisement

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заблагодарувајќи им се за нивната хуманост и пожртвуваност, спасувачите ги награди со по една просечна плата.

Нема зборови со кои може да се искаже големината на овие наши луѓе и нивното херојство. Битола е горда, што има вакви луѓе, обучени за брз одговор за спасување од планина и високи објекти кои можат и сакаат своето знаење и подготвеност, да ги употребат за најхуманата работа – спасување на човечки животи”, рече Коњановски.

Советот на општина Битола издвои 500,000 денари од својот Буџет како помош за настраданите од земјотресот во Турција и во Сирија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.