Битолчанец на пладне возел со 2,61 промили алкохол

news
Advertisement

Битолчанец го почнал денот уште рано наутро, па веќе на пладне бил „мртов“ пијан. Полицијата во 12:30 го фатила како управува возило со 2,61 промили алкохол.

Advertisement

Денеска во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 69 возачи. Од нив, 46 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 23 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.