Битолчанец се обидел да ја направи најлудата кражба

news
Advertisement

Синоќа во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица го привеле 27-годишниот С.Б. од Битола.

Advertisement

Тој се сомничи дека околу 18.10 часот, со употреба на физичка сила, влегол во подрумскиот дел во зградата на Апелационен суд Битола на бул.„1 Мај“ и одзел повеќе предмети.

Одземеното било пронајдeно и вратено на сопственикот. Исто така, при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и во консултација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.