(ВИДЕО) ФУРКАН САЛИУ ПОВТОРНО ВО “АКЦИЈА” ПО НОВ ДИРЕКТОР – ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ СЕГА

news
Advertisement

Новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу денеска објави видео од “посета” на Фондот за пензиско осигурување, каде како што објаснува Салиу, отишол по пристигнување на анонимно писмо во кое имало податоци за неколку советници на директорот на Фондот.

Advertisement

Според податоците во писмото, кои потоа ги потврди и директорот Дритан Беџети,

тој како советници вработил професор по математика, професор по физичко образование и еден правник кој му е роднина.
Беџети не одговори на прашањето што го советуваат советниците кои, како што нагласи Салиу земаат плата од 40.000 денари.

Особено Беџети одбегна да одговори што го советува професорот по физичко образование, само кратко објасни дека првпат е на таква функција и дека е нормално за советници да ги земе блиските луѓе од “неговата екипа”.

Инаку Дритан Беџети е директор на ПИОМ по предлог на Алтернатива.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.