Advertisement
Во акција по претходни информации во Битола полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вчера го лишиле од слобода М. Б.(27) од Битола.
Advertisement
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, информираа од МВР, била пронајдена и одземена марихуана, дигитална вага и други предмети со остатоци од непозната материја и пари во различни апоени. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Advertisement