Нови детали за случајот за Жената која Паднала Во Врело Тенџере Со Зимница

news
Advertisement

Скопјанка на возраст од околу 50 години што беше ивестено дека паднала во тенџере во кое се приготвувала врела зимница, а подоцна од последиците на несреќата починала, според порталот Скопје Инфо, имала сериозни здравствени проблеми.

Advertisement

Болната вистина за жената за која беше известено дека паднала во тенџерето со ајвар

До редакцијата на Macedonia in my heart пристигнаа многу информации околу текстот објавен под наслов “Tрагедија Го Потресе Скопје: Жена Паднала Во Врело Тенџере Со Зимница, Починала Од Повредите”. Овој текст беше пренесен (соодветно цитиран) од друг медиум). Денеска ја истражувавме веста при коешто дојдовме до заклучок дека во текстот има информација за којашто не може да се потврди, односно невистини. Затоа редакцијата на Macedonia in my heart се извинува на семејството и пријателите на починатата (иако немаме објавено лични податоци или иницијали на починатата), за изнесените непотврдени информации.

Која е вистината до која стигна Macedonia in my heart?
Се работи за случај во кој самохрана мајка од Скопје подготвувала зимници, и во тој момент таа изгубила свест при што паднала во огнот каде што се приготвувало зимница. Докторите а и семејството се сомневаат дека станува збор за мозочен удар.

Според истиот извор, жената пред неколку дена со сериозни изгореници по телото била хоспитализирана во скопската градска болница „Св. Наум Охридски“. Лекарите се бореле неколку дена за да ја спасат 50 годишната, но тоа не дало резултат.

За жал, по неколку дена, подлегнала на повредите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.