Корупцијата го кочи напредокот на С Македонија, рекла Агелер на средба со премиерот Ковачевски

news
Advertisement

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретнал со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, на која, како што информираат од Владата, доминирала темата за корупцијата и потребата од нејзино намалување.

Advertisement

Агелер на средбата потенцирала дека корупцијата продолжува да го кочи напредокот на државата со тоа што влијае врз забавувањето на економскиот раст.

На состанокот се разговараше и за конкретните чекори кои државата ги презема во борбата со корупцијата. Амбасадорката на САД, Агелер потенцираше дека намалувањето на корупцијата влијае врз развојот на државава во сите сфери. Според неа, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на државата со тоа што влијае врз забавувањето на економскиот раст“,стои во соопштението од Владата за состанокот.
Премиерот Ковачевски, како што се додава, посочил дека судството и обвинителството треба да функционираат независно, а случаите на коруптивни пракси треба да се пријавуваат.

На средбата, исто така, било потврдено долгогодишното стратегиско партнерство помеѓу Северна Македонија и САД, како и силната поддршка за евроинтеграциите на Република Северна Македонија.

„Амбасадорката на САД, Агелер, упати јасна порака дека Соединетите Американски Држави и понатаму ќе бидат искрен партнер и пријател на државава, кои ќе даваат поддршка и за реформските процеси на државата со цел да се обезбеди подобар живот за граѓаните“,стои во соопштението.

Состанокот на Агелер со Ковачевски доаѓа во пресрет на посетата на советникот на Стејт департментот на САД, Дерек Шоле, на земјава в среда.

Американската амбасадорка денеска имаше заедничка прес-конференција со шефот на дипломатијата, Бујар Османи, на која, исто така, стана збор за борбата со корупцијата во земјава и поддршката што С Македонија ја добива од САД на ова поле, вклучително и преку ангажманот на американскиот тим на санкции што кон крајот на минатата година беше во земјава.

Агелер, одговарајќи на новинарски прашања рече дека советникот на Стејт департментот, Шоле ќе покрене неколку прашања за време на неговата посета на С Македонија и ќе ги потврди заложбите и поддршката на Соединетите Американски Држави за земјава. Таа не прецизираше кои прашања ќе ги покрене Шоле, но истакна дека борбата против корупцијата останува приоритет за Вашингтон.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.