БНР: Бугарија и С Македонија денеска не постигнаа договор за цената на струјата што би се извезувала

news
Advertisement

Како што се наведува во веста, на оваа средба не е постигнат договор за цената и трошоците за транспорт на електрична енергија
Бугарија и Северна Македонија денеска не постигнаа договор за цената на струјата што Бугарија би ја извезувала кај нас, објави Бугарското национално радио (БНР).

Advertisement

Во посета беше работна група од Скопје, во чиј состав се директорите на македонските енергетски компании, Васко Ковачевски и Орхан Муртезани, како и Виктор Андонов, советник на премиерот Димитар Ковачевски.

Како што се наведува во веста, на оваа средба не е постигнат договор за цената и трошоците за транспорт на електрична енергија.

БНР, повикувајќи се на македонските медуми објавува дека Скопје очекува да добие пониска цена за најмалку 15 проценти од онаа на берзата, додавајќи дека тоа значи помалку од 400 евра за мегават час.

Работните групи повторно ќе се сретнат следната недела.

БНР потсетуваат дека премиерите Галаб Донев и Димитар Ковачевски на 5 септември се договорија Бугарија да ѝ помогне на С Македонија со струја и со увоз по околу пет гигавати дневно.

Премиерите Димитар Ковачевски и Галаб Донев по средбата во Софија тогаш објавија дека за околу две недели би требало да се постигне договор за земјава да купи струја од Бугарија во периодот на четвртиот квартал од оваа и првиот квартал од наредната година. За техничките детали ќе се погрижи работна група која ќе се формира уште во среда и се очекува да се постигне договор за околу две недели.

Државните претпријатија во Северна Македонија, кои се соочуваат со банкрот поради високите сметки, очекуваат струја од Бугарија, се наведува во веста на БНР

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.