Богоевски: Бугарите сакаат на светот да му покажат дека ние сме група мрзачи на Бугари, што не е така

news
Advertisement

Аналитичарот и поранешен пратеник Павле Богоевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека Бугарите сакаат да покажат пред светот дека ние во Македонија сме група мразачи на Бугари, што воопшто не е така.

Advertisement

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица кога се кулминираат за протести, тие најчесто излегуваат насилни, а не смее да се дозволи тоа бидејќи ова е провокација од бугарска страна.

„Мислам дека и тоа е целта на сите овие провокации што се случуваат во периодов, односно Бугарите сакаат на Европа и на светот да им покажат дека ние сме навистина тоа што не прават – односно дека сме група мрзачи на Бугари, кои што се затруени од Тито со некаква идеологија, и ние едноставно не можеме да ги трпиме. Се разбира дека тоа не е вистина“, додаде Богоевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.