Богоев во Ѓорче Петров: Мицкоски ги организираше и Мицкоски треба да ги тргне блокадите во Скопје

news
Advertisement

Блокадите со кои ВМРО-ДПМНЕ ја држеше земјата во заложништво сега буквално ги гледаме по скопските улици со кои го заглавуваат градот, порача вечерва од Ѓорче Петров на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев.

Advertisement

– Одговорноста за блокадите и хаосот што му се случуваат на Скопје е единствено кај Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. На сите им е јасно дека и градоначалничката и претседателот и мнозинството во Советот, но и директорите и членовите на управните одбори се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Единствено Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да стават крај на тортурата што му ја прават на градот, но поради бизнис и лични причини тие продолжуваат да го блокираат Скопје. Доста беа блокади во Собранието, доста беа блокади во државата, доста беа блокади на евроинтеграциските процеси. Граѓаните и СДСМ бараат веднаш да прекине и блокадата на главниот град која што има име и презиме и виновници позади истата, порача Богоев додавајќи дека заминувањето на Ленин Јовановски како еден од организаторите на протестите не може да го смени фактот дека целата режија за блокадите е на Мицкоски.

Претседателката на Форумот на жени, Јована Тренчевска пред присутните истакна дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои само блокираат, СДСМ на дело покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани.

– Во време на најголема светска економска криза реализираме два пакета мерки за помош вредни над 760 милиони евра. Со вториот пакет, во овие четири месеци им помагаме на околу 200.000 граѓани си ниски примања, порача Тренчевска додавајќи дека со Буџетот за 2023 година обезбедени се средства за нов раст на пензиите од околу шест отсто.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.