Најмалку 16 туристи се затруле во бања во Хрватска поради истекување на хлор

news
Advertisement

Во општата болница Забок и болницата на хрватските ветерани згрижени се 14 лица, од кои еден има големи тешкотии со дишењето, додека две лица се пренесени во болница во Загреб, пишува Хина.

Advertisement

Директорот на болницата Тихомир Ванчина изјавил дека во болницата се примени 14 лица, од кои едно е примено на одделението за интензивна нега. Тој објаснил дека лицето имало големи тешкотии со дишењето, па превентивно било хоспитализирано на тоа одделение. Од останатите пациенти, двајца се на кислород. Најголем дел од пациентите кои пристигнале во болницата се туристи од Словенија, Италија и Холандија.

Во жупанискиот центар за итни ситуации во Крапина доцна попладнето примиле неколку пријави од вработени и посетители на туристичката компанија Терме Тухељ од Тухелске Топлице за непријатен мирис на хемикалии и респираторни проблеми на посетителите во просторот за капење, објавија на веб-страницата на Дирекцијата за цивилно Заштита.

За инцидентот биле известени Итната медицинска помош, пожарникарите и полицијата. Посетителите се евакуирани од просторот за капење, повредите на присутните главно се поврзани со респираторни и кожни иритации. Покрај итните служби, на терен се и водоводниот и санитарен инспектор и претставник на Службата за цивилна заштита Крапина.

Маријана Музар, службеник за односи со јавноста на полицијата во Крапина-Загорје, за Хина изјавила дека полицијата добила дојава дека мириса на гас во воздухот. Сепак, причината за несреќата се уште не е позната и се очекуваат повеќе информации по истрагата.
„Во моментов на терен се пожарникарите и итната помош и им помагаат на повредените“, рече Музар.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.