„Боже господе!“ Ловец на урагани направил снимка од „окото“ на ураганот Иан (ВИДЕО

news
Advertisement

Летачкиот инженер Ник Андервуд го снимил моментот кога неговиот екипаж летал низ окото на ураганот Иан за да собере податоци, додека ураганот се движел кон Флорида со ветрови од 240 километри на час.

Advertisement

На видеото објавено од ловецот на урагани и инженер на Националната океанска и атмосферска администрација (НОАА) Ник Андервуд се гледа неговиот екипаж во авион како наидува на силни турбуленции додека лета низ окото на ураганот Иан.
Ловецот на урагани ја опиша бурата како „најлошата во неговата кариера“.

Ник Андервуд бил во извидничка мисија со НОАА за да ја процени заканата од една од најсилните бури што некогаш ги погодила САД.

„Секогаш ќе се сеќавам на Иан, барем до следната бура за која ќе можам да кажам дека е најлошата. Во видеото се обидувам да издржам за да соберам податоци. Се чинеше како да трае засекогаш“, напиша Андервуд на видеото.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.