Боки 13 го прослави роденденот во затвор: Емотивната порака што ја доби од мајка си го расплака- еве што му посака на својот син единец!

news
Advertisement

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 Бојан беше осуден на девет години затвор како претседател на невладината организација „Меѓународен сојуз“.
Македонскиот шоумен, по апсењето во акцијата „Рекет“ заврши во истражниот затвор „Скопје“ каде вчера го прослави својот 36-ти роденден.

Advertisement


Тој беше затворен на 15 јули 2019 година, а Основниот кривичен суд Скопје на 18 јуни 2020 година првостепено го осуди на девет години затвор, а разрешената македонска специјална обвинителка Катица Јанева на седум години затвор.
Како што беше напишано претходно, неговата жалба на решението на скопскиот Кривичен суд за притвор неколку пати беше одбиена, како и барањето да биде префрлен во куќен притвор поради лошата здравствена состојба.
Тој во неколку наврати истакна дека неговата мајка е негова најголема поддршка, и во моментите кога бил дискриминиран, повредуван, понижуван, навредуван, издржувал се благодарение на неа.


Вчера по повод неговиот роденден Јасмина Јовановска, мајката на Боки, напиша емотивна порака со која му го честиташе роденденот на својот син единец.
-На денешен ден 1986-та година во 17,20 часот го родив мојот син единец Бојан. Денеска го прославува својот 36-ти роденден, му посакувам пред се и над се да ни е жив и здрав,а за останатото ќе се бориме заеднички и до крај. Среќен роденден Бојан, да си ни жив и здрав, напиша неговата мајка.


Неодамна Боки на официјалната Фејсбук страна се обрати до пријателите за кои вели дека сфатил дека се лицемери и посочи дека се чувствува добро и никогаш нема да го прости лицемерието од одредени личности.
-Кога бев добро, сите тие многу ме “сакаа” и “почитуваа”… во контекст на тоа имам едно прашање:
Можете ли да ми кажете на кој ден се слави Светата лага? Затоа што морам да испратам честитки до неколку луѓе…


Единствениот порок што не може да се прости е лицемерието. Покајанието на лицемер е само лицемерие, па затоа простување нема! А, да и уште една работа, жив сум, менталната хигиена ми е на добро ниво, фала му на Бога, се држам бидејки несомнено знам дека животот е тркало и дека кармата е озбилна кучка, напиша Бојан на својот официјален Фејсбук профил.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.