Приведена жената која нарачуваше по кафеани во име на општина Ѓорче Петров

news
Advertisement

Полицијата ја фати мистериозната Ивана која во име на општината Ѓорче Петров и градоначалникот Александар Стојкоски во изминатиот период се јавувала и појавувала во угостителски објекти при што нарачувала храна и пијалоци.

Advertisement

Според пријавеното, на 16.12.2022 во Полициската станица Ѓорче Петров бил извршен службен разговор со И.А.(36) од Скопје.

-Во разговорот таа го признала делото. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Од општината пред три дена соопштија дека лицето по извршената нарачка барало фактурите за испорачаната услуга да гласат и да им бидат доставени на фирми кои соработуваат со Општина Ѓорче Петров.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.