Бошњаците излегуваат со нивниот кандидат за претседател на Северна Македонија

news
Advertisement

Бошњаците за прв пат во историјата ќе имаат свој кандидат за претседател на Македонија.

Advertisement

Станува збор за Мерсиха Смаиловиќ, која ќе биде кандидат на Босанскиот демократски сојуз.

Мерсиха Смаиловиќ е адвокат и граѓански активист.

Во својот граѓански ангажман таа е активна на полето на застапување за човекови права, дискриминација, родова еднаквост, права на етничките групи итн.

Нејзините истражувачки трудови за правата на бегалците, исламофобијата, правата на жените се објавени во повеќе локални и меѓународни публикации.

Таа беше активно вклучена во бројни хуманитарни мисии на глобално и локално ниво.

Мерсиха дипломирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Правниот факултет, а моментално е магистер по меѓународно право на истиот универзитет.

Таа беше вклучена во неколку иницијативи за промена на законите и прописите во земјата.

Таа е алумна на американската организација Vital Voices, која е основана од Хилари Клинтон и има за цел да ги едуцира и поддржува жените во политиката.

Мерсиха е родена во Скопје, мажена е и мајка на две ќерки.

Таа е и сопственик на компанијата за финансиски и правни услуги НАХЛА КОНСАЛТИНГ каде моментално работи со полно работно време.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.