Колку секс е доволно за една недела?

news
Advertisement

Најновата студија откри како редовниот секс има повеќе здравствени придобивки отколку само задоволство. Тие најмногу влијаат на здравјето на мозокот.

Advertisement

Истражувањето од Хоуп колеџот во САД ги тестираше когнитивните способности, кои вклучуваат вештини за меморија и внимание. Тоа опфатило 1.683 луѓе на возраст од 62 и повеќе години во текот на петгодишното истражување.

Тие откриле дека оние на возраст меѓу 75 и 90 години кои имале секс барем еднаш неделно во текот на пет години имале повисоки резултати на тестовите на мозокот на крајот на експериментот од оние кои никогаш немале секс. Причината за ова е што сексот може да го намали ризикот од когнитивно опаѓање, вклучително и деменција.

„Ова може да биде особено точно за постара возраст, бидејќи физичката неактивност се зголемува со возраста и постарите лица имаат високи стапки на седентарен начин на живот“, напишаа истражувачите.

Исто така, научниците ја нагласуваат користа од сексот во намалувањето на стресот и ослободувањето на хормонот за задоволство – допамин. Конечно, сексот еднаш неделно на старост носи здравствени придобивки, пишува Мондо.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.