Зошто зголемената желба за секс кај партнерот може да биде знак за неверство, според секс експерт?

news
Advertisement

Теоријата дека дома воопшто нема да бидете заинтересирани за секс, ако го добивате на друго место, воопшто не држи вода“ – вели секс експертот Трејси Кокс. Кои други необични знаци може да укажат дека партнерот ве изневерува, а за нив никој не зборува?

Advertisement

Кога се зборува за знаците дека партнерот ве изневерува најчесто се споменуваат неговата таинственост и чувството дека постојано нешто крие од вас.

Но, според секс експертот Трејси Кокс може да се издвојат неколку некарактеристични знаци на неверство што всушност може да ве залажат дека меѓу вас сѐ е во ред додека ви се случува нешто сосема спротивно.

На кои знаци треба да внимавате според неа?
Сексот е повозбудлив од вообичаено
Најчесто кога имате добар секс сметате дека работите се во најдобар ред, но според Трејси, теоријата дека ако на друго место добивате секс, дома нема да бидете заинтересирани воопшто не држи вода.

Напротив, може да се случи сосема спротивното, секс-аферата да им носи поголема возбуда, па одеднаш сексуалниот живот со партнерот да стане повозбудлив и повеќе страстен.

„Некои луѓе едноставно ги возбудува помислата да скокаат од еден кревет во друг. Уште еден знак може да биде и тоа ако партнерот е посамоуверен и сака да проба работи што вообичаено не сакал да ги проба“ – вели таа.

Покажуваат повеќе нежност или пак ве критикуваат повеќе од вообичаено
Иако станува збор за сосема различни видови однесување, според Трејси, тие може да укажат дека нешто не е во ред во вашата врска и дека најверојатно постои некој трет.

Таа вели дека треба да обрнете внимание на овие две работи:

„Работите за кои порано постојано се расправавте одеднаш веќе не се важни и партнерот ви дозволува да победите, затоа што едноставно веќе не е заинтересиран за врската…“

Или, сосема спротивно на тоа:

„Подеднакво е можно да почне да ве критикува повеќе од вообичаено и да ви забележува за сѐ што сте направиле погрешно или да ви укажува на сите мани. На тој начин партнерот се обидува во својата глава да го оправда неверството“ – вели секс експертот.

Ве обвинува вас за неверство
Ова е итра тактика со која се служат голем број партнери што се неверни и што треба да ви укаже на тоа дека можеби тие се тие што изневеруваат.

„Ви укажуваат дека веруваат дека неверството не е во ред и дека ве сакаат инаку не би им било грижа дали ги изневерувате. Најчесто ова е искрена реакција на тоа што го прават, затоа што тие сметаат дека успеале да се ‘извлечат’ со неверството, а истото би можеле да го направите и вие!“ – појаснува Трејси.

Избегнува да ве гледа во очи
„Само искусните лажговци и оние што немаат никакви емоции можат да ја гледаат во очи личноста што ги сака кога знаат дека ја изневеруваат.

Со други зборови, најсигурен знак дека партнерот не ве изневерува е ако може да ве погледне директно во очи и да ве допре“ – вели Трејси.

Но, според неа и тука постои исклучок кај оние луѓе што се навикнати постојано да изневеруваат и сметаат дека не прават ништо лошо со тоа.

Има нови интереси и хобија
Според Трејси оваа нагла промена на интересите и хобијата може да биде знак дека во нивниот живот влегла нова личност што им нуди нови искуства и ги тера да почнат да се интересираат за нешто ново и поинакво и ново.

Бидете внимателни ако вашиот партнер до вчера гледал само романтични серии со вас, а сега одеднаш сака да гледа само документарни филмови или омилената музика од 90-тите ја замени со некоја нова.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.