И мажи во Македонија се жртви на семејно насилство

news
Advertisement

И мажите трпат семејно насилство. Стереотипите за родово базирано насилство врз мажите во нашето општество се уште владеат, па многумина остануваат зачудени кога ќе прочитаат наслов: Маж пријавил дека бил нападнат од својата партнерка. „Ти си маж, треба да издржиш“ – е најчестиот стереотип и ментална препрека која ја доживуваат.

Advertisement

“Така се растени: „Не смееш да плачеш, не смееш да кажуваш“ . Во пракса имам слушнато: „Таа е жена нека си зборува, тоа е така дека прави драма“. Но сето тоа тој го трпи секојдневно и го наоѓа решението во капка алкохол. Неретко во дрога, хазардни игри каде што пробува психолошки да избега од ситуацијата која што секојдневно ја доживува на сопствена кожа” вели Огнен Векевски, психолог.

Психичко, економско понекогаш и физичко. Мажите ги трпат сите облици на насилство.

“На пример имаме мажи кои се случило во љубовен чин да создадат дете со својата партнерка и сега таа од позиција дека го носи тоа дете секојдневно го уценува, му се заканува дека ќе го абортира тоа дете доколку тој не исполни одредени еконосмки нејзини потреби и задивилства. Го омаловажува, го удира по неговата машкост и тој кога ќе појде да се обрати во институвциите нема шелтер центри за него” – вели Векевски.

Во недостаток на згрижувачки центри, мажите, спасот го бараат кај психолозите. Па мажи се почесто бараат психолошка помош, но и работат на себе, тренд кој бил забележан после короната.

Извор: https://alfa.mk/i-mazhi-vo-makedonija-se-zhrtvi-na-semejno-nasilstvo/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.