АНГЕЛЕВСКА: ОБЕЗБЕДИВМЕ ПАРИ ЗА ВЛЕЗОТ НА БИТОЛА, СЕГА БАРАМЕ ЗА ПАТОТ КОН ОХРИД

news
Advertisement

На вчерашната комисиска расправа во Собранието за Буџетот за 2024 година прифатен е амандман наменет за капитален проект за Општина Битола. Поконкретно, овие средства ќе бидат предвидени за изградба на влезот во Битола од страната на Прилеп, соопшти утрово градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Advertisement

Со изготвениот основен проект за реконструкција на улица „8-ми Септември“ во должина од 1400 метри е опфатен делот од бензинската станица „Лук Оил“ до таблата на излез кон Прилеп.

Пратеничката Силвана Ангелевска вели дека усвоен е амандман кој што има големо значење за Битола.

„Како пратеници од Битола со колешката Лозановска поднесуваме многу амандмани за Битола, кои што се однесуваат на РЕК Битола, на болницата, за инфаструктурни проекти, патот Битола-Меџитлија. Но, вчера се усвои еден амандман кој што многу значи за Битола. Со амандманот предложивме да се обезбедат средства од 110 милиони денари за реконструкција на влезот на Битола. Проектот ќе опфати атмосферска канализација, водоводна инсталација, коловозна конструкција, учишно осветлување, реконструкција на пропуст над Раштански порој, поставување на сообраќајна опрема, експропријација. Ова е проект кој што многу долго го поднесувавме и како пратеници, еве власта овој пат го прифати овој проект и се надеваме дека градоначалникот и убедени сме дека веднаш ќе преземе мерки за да се реализира овој проект“ вели Ангелевска.

Нејзината колешка пратеничката Олга Лозановска вели дека со амандман успеале да обезбедат средства во висина од 110 милиони денари од Буџетот на Република Македонија, за жителите на Општина Битола.

„Средствата ќе бидат наменети за реализација на проект за реконструкција на ул. 8 Септември во должина од 1400м, од бензиска пумпа Лук Оил до таблата излез спрема Прилеп.

Дополнително, голема благодарност за единството на пратениците на ВМРО ДПМНЕ и за упорноста на претседателот Христијан Мицкоски да се изнајдат средства за реализација на проекти во висина од една милијарда денари од буџетот за општините каде има наши градоначалници. Со овој амандман градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановска ќе има можност да го реализира ветениот проект“ вели Лозановска.

Градоначалникот на Битола уште рано утрово ја соопшти веста и вели:

„Сето ова немаше да беше возможно без напорите на претседателот Христијан Мицкоски и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Македонија, кои во услови на опозиција под сериозни опструкции од власта, успејаа да обезбедат средства за капитален развој на Општина Битола. Ова е само почеток на нашата мисија за преродба на нашиот град. Заеднички, одговорно, чесно и посветеност работиме во интерес на граѓаните на Битола кои ни се врвен приоритет! Важно промените да продолжат не само за Битола туку и за Македонија“

Пратеничката Ангелевска вели дека се уште трае амандманската расправа, па ќе видат за другите предлози, но еден за РЕК им е одбиен.

„Сеуште трае амандманската расправа, дел од амандманите до сега се одбиени. Имавме амандман за зграда на противпожарната единица, одбиен е тој амандман со образложение дека тоа треба да си го прави Општина Битола, имавме и амандман за реконструктија на филтрите, еден проект кој што многу функционери од СДСМ доаѓаа, го промовираа тој проект дека ќе се менуваат електростатските филтри со цел да се зажтити животната средина, меѓутоа повторно амандманот беше одбиен без некое образложение, односно дека ЕСМ си има свој буџет, меѓутоа гледаме дека не се реализира веќе шеста-седма година. Наредни амандмани се за патот Битола-Охрид, кој што го ветуваше власта, потоа тие ветуваа експресен пат Битола-Меџитлија, а направија само мала реконструкција на патот имаме за Детското одморалиште, за клиничката болница и ткн“ вели пратеничката Ангелевска.

Ова значи дека дека од едната страна ќе се гради автопатот кон Битола, а во меѓу време треба да се работи и нејзиниот влез.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.