Маричиќ: Многу е важно политиката на блокада на сопствената држава да биде поразена на изборите

news
Advertisement

Никојпат никому нема да му биде лошо, ниту ќе не чини доколку бидат изгласани уставните измени, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Тема на денот“ на Сител.

Advertisement

– На ниту еден од нашите успеси и достигнувања не треба да им го намалуваме ни значењето ни вредноста. Петнаесетмесечниот скрининг процес беше суштински процес во којшто околу 1.000 наши луѓе во сите делегации околу 100 дена работеа, направија 850 презентации и одговорија на стотици прашања. Сето тоа доаѓа од 200 институции. Тоа беше масовен владински процес којшто ни укажа дека каде сме. Пукна меурот со тврдењата дека ќе го изгубиме јазикот и идентитетот и дека ќе ни се случи нешто лошо – рече Маричиќ.

Тој смета дека неизгласувањето на уставните измени би било штетно за државата и додава дека оваа влада работи на обезбедување на 80 гласа и дека сето тоа се одвива во атмосфера без притисок.

– Многу е важно политиката на блокада на сопствената држава да биде поразена на изборите. Доколку не биде поразена во парламентот до изборите. Политиката на блокирање на сопствената држава според моите очекувања ќе биде поразена од европскиот фронт. Без никакви аргументи ќе останат опонентите што си ја блокираат сопствената држава година и половина. Инаку, да ги направивме уставните измени, досега ќе разговаравме за отварање на првиот кластер – рече вицепремиерот.

Наместо тоа, додаде, стоиме и чекаме да се направат уставните измени, работејќи тоа да се случи што побрзо.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.