Пожарот во „Усје“ е локализиран, пожарникари останаа да дежураат

news
Advertisement

Пожарот во Цементарницата „Усје“ кој бил забележан на пладне, е локализиран, но на местото остануваат пожарникари заради постојана контрола, изјави командирот на скопската Прптивпожарна бригада Здравко Томевски.

Advertisement

Станува збор за оган што избувнал на електричната инсталација во ротациската печка на Цементарницата.

„Чадот што се издигаше над Цементарницата, а бил забележан и од граѓаните во општините Кисела Вода и Аеродром, практично излегол од тунелот за вентилација на печката за производство на цемент. Нема повредени лица, ниту пак се зафатени печката, оџаците или материјалите на кои се базира производството“, рече Томески.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.