Салиу го објави целото ВИДЕО од разговорот со Софијанова: Таа дежурала и од Словенија? (ВИДЕО)

news
Advertisement

Салиу го објави целото ВИДЕО од разговорот со Софијанова: Таа дежурала и од Словенија? (ВИДЕО)

Advertisement

Дежурството е тешко и треба да се плати, но не кога сте дежурен само на хартија, вели новинарот Фуркан Салиу кој сега го објави прилогот со доктор Софијанова.

Тој и вели на директорката дека била во Словенија на студиски часови, а за тоа време наплатила дежурство за 24 часа, а тоа според него го докажуваат документите. На ова докторката му одговори, да јас бев во Словенија, но таму не бев да се одмарам, јас дежурав во Словенија.

Според Фуркан, документите ја демантираат Софијанова.

Дежурството како привилегија – платата достигнува и до 5.000 евра ?! Сепак, докторката негира дека зела пари надвор од нејзината плата. Во продолжение прилогот објавен на официјалната страница на новинарот.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат нема надлежност да врши инспекциски надзор во финансиите на здравствените установи, вклучувајќи ја и висината на месечните примања на директорите. Висината на платите на менаџерите ( медицински и организациски директор) е уредено со Законот за вработените во јавен сектор и Законот за работни односи као и со колективни договори, одговорија од ДСЗИ.

Од Фондот за здравство од чиј буџет се иплаќаат плати и дежурства во јавните здравствени установи велат дека тие немале надлежност да казнуваат, тоа било должност на ДСЗИ и трудовата инспекција.

– Фондот врши контроли во рамки на нашите надлежности за трошењето на надоместоците , односно контрола за наменското трошење на истите дали тие се во согласност со колективниот договор за здравствена дејност и своите извештаи ги праќа во Министерството за здравство. Фондот нема надлежност да казнува. Но, правата од работен однос се во надлежност на ДСЗИ заедно со трудова инспекција.

Од министерството за здравство пак се повикаа на член од законот кој им овозможува и на директорите на болниците и клиниките да дежураат, но не добивме прецизен одговор дали има ограничување на часови за дежурство.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.