За кого и за чии интереси српскиот радикалец и рашист Срѓан Ного ја мати истрагата за случајот „Палчо“?

news
Advertisement

Српскиот политичар Срѓан Ного, поранешен пратеник и член на десничарската и националистичка партија Двери во Србија, веќе два дена објавува фотографии на неговиот профил на Х (Икс) од настаните поврзани со киднапирањата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска и нивните убиства и најавува дека денеска ќе објави нови видоеснимки. За грабнувањето и убиството на Жежоски и Ѓорчевска првоосомничен е Љупчо Палевски-Палчо кој е во притвор во Турција.

Advertisement

На првата фотографија се гледа возилото „ситроен бх“ со велешки регистерски таблички на бензинска пумпа со две лица кои се на возачкото и на совозачкото седиште. На снимката нема датум, а според неговите претпоставки, со возилото управува Панче, што значи дека таа е направена во период пред тој да биде убиен.

Срѓан Ного ги објави фотографиите неколку часа пред Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје да донесе решенија за продолжување на мерка притвор против петте лица, осомничени за грабнувањата и убиствата на малата Вања Ѓорчевска од Скопје и пензионерот Панче Жежовски од Велес.

Инаку, Ного е ултрадесничар, има радикални антимигрантски и антиалбански ставови, поборник против 5Г мрежата, поранешен член на националистичката партија Двери (од која беше исклучен во 2019), а следната година беше уапсен и обвинет за бунт.

Поранешниот член на српското десничарско движење Двери, Срѓан Ного, на 16 јануари 2022 година, откако гласаше на референдумот за измени на Уставот во делот што се однесува на правосудството, на кој граѓаните со заокружување со „да” или „не” ќе одговорат на прашањето: „Дали сте за потврдување на Актот за измени и дополнување на Уставот на Република Србија?”, ја искрши гласачката кутија, при што беше приведен.

Тој исто така е и голем поддржувач и љубител на рускиот претседател Владимир Путин.

Од Основното јавно обвинителство Скопје за „360 степени“ велат дека Јавното обвинителство ги има обезбедено сите потребни докази за утврдување на траекторијата на движењето на осомничените. Од тие причини, не постои никаква опасност за компромитација на истрагата со објава на снимки од видео надзор на објекти.

„Сепак, лицата кои ги објавуваат овие видео снимки треба да размислат за етичноста на ваквите објави и за вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите“, велат од ОЈО откако контроверзниот српски политичар Срѓан Ного на социјалните мрежи најави дека ќе објави снимки од грабнувањата на Вања и на Панче, како и други снимки од грабнувачите, кои биле забележани од камери за видеонадзор.

Останува отворено прашањето како ултрадесничарот и рашист Срѓан Ного стигнал до овие снимки? Дали постои „крт“ во македонските институции од кои „истекуваат“ доверливи информации до српските политички екстремисти и/или служби.

ИЗВОР. https://novatv.mk/za-kogo-i-za-chii-interesi-srpskiot-radikalets-i-rashist-srgan-nogo-ja-mati-istragata-za-sluchajot-palcho/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.