Бојко Борисов со убедлива победа во Бугарија според екзит-пол

news
Advertisement

Според излезната анкета на агенцијата Галуп, ГЕРБ-СДС на Бојко Борисов добила 24,6 отсто од гласовите на бугарскиот електорат, јавува дописникот на МИА од Софија. Втори се „Продолжуваме со промената” на Кирил Петков и Асен Василев со резултат од 18,9 отсто од гласовите.

Advertisement

На третото место е Движењето за права и слободи, тие добиваат 14,8 отсто. На четврта позиција е БСП со 10,9 проценти. Националистичките „Преродба” (10,1%), „Демократска Бугарија” (7,4%) и „Има таков народ” (4,6%) и партијата на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев „Бугарски подем” (4,0%).

Под прагот за влез во новото Народно собрание на Бугарија остануваат „Исправи се Бугарија” (1,2 отсто) и ВМРО (0,9 отсто).

Со „не поддржувам никого” гласале 3,3 отсто од гласачите. Одзивот на гласачите во Бугарија е за 3 до 5 отсто помал во споредба со последните парламентарни избори во ноември 2021 година, изјави за БНТ социологот Борјана Димитрова од „Алфа Рисрч”.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Димитрова, ова е резултат и на агендата на народот и нивните грижи, но и на пораките на политичарите кои не излегле во пресрет на овие грижи и проблеми.

Заморот и апатијата, како и немањето надеж зборуваат сами за себе, коментира и таа.

Социологот на Галуп Канчо Стојчев коментира дека нема драма во одѕивот на гласачите – бројот на гласачи се намалил за околу 150.000 лица помалку.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.