Струја од Бугарија по европски цени – Радев: Подготвени сме да го зголемиме извозот на струја за Македонија

news
Advertisement

Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја за Македонија, но под услови што ги налагаат европскиот енергетски пазар, бугарското законодавство како и интересите на бугарските граѓани и бизниси.

Advertisement

Ова го изјави претседателот на Бугарија Румен Радев во врска со преговорите на Македонија за снабдување на електрична енергија од Бугарија.

Од македонска страна се бара цената на електричната енергија да не биде поголема од 200 евра за мегават час без оглед дали се работи за ноќна или дневна тарифа. Но европските правила на кои се повикува Радев налагаат продажба на електричната енергија по берзански цени, кои се значително повисоки.

„Знаете дека Бугарија е главен извозник на електрична енергија во регионот и ние сме подготвени да го зголемиме својот извоз за Република Северна Македонија, се разбира во согласност со правилата на европскиот енергетски пазар, со бугарското законодавство и интересот на бугарските граѓани и бизниси. Тоа и со претседателот Пендаровски и со претседателката на Европската комисија ја разгледавме можноста Европската унија финансиски да ја поддржи Македонија, за да се избегне евентуална ликвидна криза во претстојната зима во однос на снабдувањето со електричната енергија на Република Северна Македонија“, вели Радев.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.