Бојко се враќа

news
Advertisement

Партијата ГЕРБ на поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, во изборната кампања влезе со 6 процентни поени предност пред Продолжуваме со промените (ПП), чиј копретседавач е Кирил Петков кој исто така е поранешен премиер, покажува најновото истражување на агенцијата Алфра Рисрч“, пренесува Нова.бг.

Advertisement

Резултатите покажуваат дека за ГЕРБ би гласале 23,4 отсто, додека за ПП 17,5 отсто.

По нив следуваат ДПС со 10,9 отсто, Бугарската социјалистичка партија (БСП) 9,8 отсто, Преродба со 9,5 отсто, Демократска Бугарија со 7,4 отсто, Бугарски подем со 4,2 отсто.

Партијата Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов, пак, според истражувањето на „Алфа рисрч“, би освоила 3,9 отсто што е речиси на работ од потребниот цензус од 4 отсто за да може да освои пратенички мандати.

Од седумте партии кои според истражувањето би добиле гласови над цензусот, шест досега учествувале на избори и имале свои пратеници, а единствената која за првпат учествува е Бугарски подем предводена од поранешниот технички премиер на Бугарија Стефан Јанев. Тој, исто така, во бугарската четирипартиска влада на премиерот Кирил Петков беше министер за одбрана, но беше принуден да ја напушти функцијата поради неговите изјави поврзани со руската агресија врз Украина – уште првиот ден од руската инвазија тој го употреби терминот „операција“ наместо војна на Русија во Украина.

Истражувањето на „Алфа рисрч“ кое е објавено денеска е направена во периодот од 27 август до 2 септември 2022, односно непосредно пред почетокот на кампањата којашто започна вчера (3 септември). Парламентарните избори, пак, треба да се одржат на 2 октомври годинава.

Анкетата била спроведена меѓу 1 117 полнолетни граѓани од цела Бугарија, а информациите се собрани преку директни стандардизирани интервјуа во домовите на испитаниците.

Каков е рејтингот на политичарите

Истражувањето го покажува и рејтингот на лидерите на политичките партии од кои на прво место е Бојко Борисов со 21,6 отсто позитивно мислење. Негативните оценки за него, пак, се 55,5 отсто.

„Копретседателите на Продолжуваме со промените, Кирил Петков и Асен Василев, за само два месеци забележаа голем пад на личниот рејтинг. Со доверба од 18,4 односно 17,8 отсто, значително ослабнало нивното изборно влијание во однос на лани, додека недоверба во достигнува 55-56 отсто“,

Лидерите на другите две партии, кои до неодамна беа дел од владината коалиција со Кирил Петков, Христо Иванов од Демократска Бугарија има 17,6 отсто, а Корнелија Нинова од БСП 15,9 отсто.

Во групата политичари кон кои има недоверба спаѓа и Стефан Јанев со 18,5 отсто доверба и 35 отсто недоверба.

Слави Трифонов, пак, е на дното по доверба – само 11 отсто. Недовербата кон него пак е високи 61 отсто.

И рејтингот на Радев паѓа

Со надолен тренд, пренесува Нова.бг, е погоден и претседателот Румен Радев. Во однос на јуни, позитивните оценки за неговата активност се намалени за 5 процентни поени, додека негативните се зголемени за 3.

Така, во моментов тој има 38 отсто позитивни, а 33 отсто негативни оценки
/360stepeni.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.