БРЕМЕНИ ЖЕНИ И ЛИЦА СО ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ СЕ ОСЛОБОДУВААТ ОД РАБОТА, работа на отворено од 11 до 17 часот

news
Advertisement

На мерните места во Скопје – Центар и Лисиче, како и во Кичево, Кавадарци и Струмица регистрирано е надминување на вредноста на загадувачки супстанции од 150 микрограми на кубен метар во текот на два последователни денови, поради што стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање, информира денеска Министерството за животна средина и просторно планирање.

Advertisement

Според податоците на МЖСПП, на мерното место во Скопје во Центар во четвртокот се измерени концентрации на загадувачки честички од 160,34 микрограми на кубен метар, а вчера 248,51 микрограми на кубен метар, а во Лисиче во четвртокот 189,94 микрограми на кубен метар, додека вчера – 259,01 микрограми на кубен метар. Во Кичево пак се измерени концентрации на загадувачки честички од 178,04 микрограми на кубен метар во четвртокот и 171.13 микрограми на кубен метар вчера, во Кавадарци 155,28 микрограми на кубен метар (четврток) и 154,80 микрограми на кубен метар (петок), а во Струмица 188,51 микрограми на кубен метар (четврток) и 244,12 микрограми на кубен метар (петок).

Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 микрограми на кубен метар во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи ве информираме дека истиот е надминат на мерните места во Скопје – Центар и Лисиче, Кичево, Кавадарци и Струмица. Поради проблеми со мрежните системи на МЖСПП и инсталација на нова серверска опрема не ни се достапни податоци од мерните места: Тетово и Гевгелија, се наведува во соопштението на Министерството.

Од МЖСПП посочуваат дека доставиле информација за надминување на прагот на алармирање до министерствата за здравство и за труд и социјална политика, како и до Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Секторот за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до Општина Битола.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.