Според податоците на Евростат, средната возраст при стапување во прв брак во европските земји изнесува 30,7 години за жените и 33,1 година за мажите.
Возраста варира не само меѓу региони, туку и меѓу половите.
Во 2022 година, жените во сите европски земји се мажеле во просек на помлада возраст од мажите. Најголема родова разлика е забележана во Романија – околу 3 години разлика, каде мажите влегуваат во брак со 31,2, а жените со 28 години.
На врвот на листата е Шпанија, каде жените првпат стапуваат во брак на 34,7 години, а мажите на 36,8.
На дното е Турција, каде просечната возраст за жените е 25,6, а за мажите 28,3 години.
Што се однесува до Македонија, таа е една од четирите земји кои се наоѓаат на дното на табелата според возрасната граница за стапување во прв брак – жените се мажат во просек на 26,6.
Има и четири земји каде жените се мажат значително порано од европскиот просек:
- Украина (24,9 години)
- Белорусија (25,1)
- Турција (25,2)
- Македонија (26,6 години)
Интересен е трендот што покажува дека во поголем дел од европските земји, жените имаат 30 или повеќе години кога првпат влегуваат во брак – особено во Шведска (34,8), Шпанија (34,7) и Норвешка (34,1). Колку подалеку на запад, толку е повисока просечната возраст.
М.С.К