Измамник му продал возило кое е барано од Интерпол

news
Advertisement

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Н.(42) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против А.К.(40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.
Имено на 23.07.2023 година првопријавениот го измамил второпријавениот и за сума од 1.1 милион денари му продал возило кое е било барано од Интерпол Стокхолм – Шведска. Да биде циркусот поголем откако второпријавениот дознал дека возилото е меѓународно барано тој направил фалсификувана исправа, која ја употребил при плаќање на царинските обврски кон државата.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.