ФК Вардар: До кога спортот ќе биде во сенка на политиката, зошто Град Скопје се’ уште не ја спроведува одлуката за 15 милиони денари помош за клубот!?

news
Advertisement

Во обидите за изнаоѓање решение за финансиското идно опстојување на најтрофејниот македонски клуб од ФК Вардар се револтирани зошто Град Скопје не ја спроведува сопствената одлука за исплата од 15 милиони денари за помош на клубот.

Advertisement

Од „црвено-црните“ почитувањето на таа одлука ја нагласуваат како клучна во овој момент за првично финансиско средување на состојбите и помирен фудбалски тек на тимот во продолжението на шампионатот од Првата македонска фудбалска лига.

„Сите знаеме дека Советот на Град Скопје донесе одлука за доделување 15 милиони денари за ФК Вардар. Но, потоа настанаа бројни полемики, изгласувања амандмани, политички игри, па потоа сето тоа не се спроведе. Сега, ние отворено треба да прашаме зошто не се спроведува таа одлука. Дали постојат механизми кои може и мора да го принудат Град Скопје само да ја почитува таа одлука која сам ја донел. Тоа се можеби политички препукувања, кои немаат допирна точка со спортот…, но сето тоа е жално на штета на клубот кој го сака цело Скопје. Ете ние може да им предложиме, нека го тргнат Вардар од нивните политички препукувања, нека го гледаат проблемот чисто спортски, па можеби тогаш само ќе се понуди решението, чисто спортско … Некои од општините реагираа во пет до дванаесет, па може да кажам дека дел од скопските општини се огласија и доделија одредени финансиски помош…, но ете немаме одговор од одредени општини. Дали тие чувствуваат некаква одговорност кон Вардар, како на пример Општина Карпош каде официјално е седиштето на клубот. Дали тие општини знаат дека населението навива за Вардар? Дали тие се свесни дека е потребна помош? – истакна Милорад Миленковски.

Извор: https://skopjeinfo.mk/fk-vardar-do-koga-sportot-kje-bide-vo-senka-na-politikata-zoshto-grad-skopje-se-ushte-ne-ja

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.