Валтер: Заслуживме да победиме и да ја израдуваме публиката

news
Advertisement

Еурофарм Пелистер за прв пат во клупската историја ќе биде дел од завршниот турнир во СЕХА лигата.

Битолчани местото во решавачката битка за трофејот во регионалното натпреварување го обезбедија откако по подобро изведување на удари од седум метри го совладаа Мешков Брест.

“Сакам да им честитам на моите момци за победата. Бевме одлично во одбраната, одигравме многу лошо во напад, но на крај постигнавме еден гол повеќе од противникот и заслуживме да победиме. Ние сме слична екипа како и Мешков Брест, тим во конструкција и не може да идеално на почеток на сезона. Сепак, покажавме карактер и ги израдувавме нашите навивачи”, рече по натпреварот тренерот на Битолчани, Ларс Валтер.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.