КОВАЧЕВСКИ МУ НУДИ НА МИЦКОСКИ ДА БИДЕ ПРЕМИЕР НА ПРЕОДНАТА ВЛАДА Од ВМРО-ДПМНЕ му порачаа дека функции се даваат на избори

news
Advertisement

Премиерот Димитар Ковачевски му нуди на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интерес на спроведување на уставните измени да ја преземе премиерската позиција во преодната Влада, брифираа денеска владини извори, иако, како што претходно е договорено премиер во следната техничка Влада, треба да биде Албанец.

Advertisement

Ковачевски смета дека треба да остане на премиерската функција и до крај да го спроведе процесот на уставни измени, но во интерес на евроинтеграциите, освен пет ресори е подготвен на Мицкоски да му ја отстапи и премиерската позиција во преодната Влада, која потоа би го спровела процесот докрај, велат владини извори.Постојат концепциски и процедурални разлики меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени, но на лидерската немало разговор за содржината на истите, туку за роковите кога да се спроведат.

За Ковачевски, брифираат владини извори, битна е брзината на спроведување со оглед на околностите и роковите, кои се поставени и од самата Европска Унија.ДомаМакедонија

КОВАЧЕВСКИ МУ НУДИ НА МИЦКОСКИ ДА БИДЕ ПРЕМИЕР НА ПРЕОДНАТА ВЛАДА Од ВМРО-ДПМНЕ му порачаа дека функции се даваат на избори
МАКЕДОНИЈАСЛАЈДЕР
Од Плусинфо Објавено 13/06/2023 13:55:06

1,084
Сподели
Премиерот Димитар Ковачевски му нуди на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интерес на спроведување на уставните измени да ја преземе премиерската позиција во преодната Влада, брифираа денеска владини извори, иако, како што претходно е договорено премиер во следната техничка Влада, треба да биде Албанец.

Ковачевски смета дека треба да остане на премиерската функција и до крај да го спроведе процесот на уставни измени, но во интерес на евроинтеграциите, освен пет ресори е подготвен на Мицкоски да му ја отстапи и премиерската позиција во преодната Влада, која потоа би го спровела процесот докрај, велат владини извори.

Постојат концепциски и процедурални разлики меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени, но на лидерската немало разговор за содржината на истите, туку за роковите кога да се спроведат.

За Ковачевски, брифираат владини извори, битна е брзината на спроведување со оглед на околностите и роковите, кои се поставени и од самата Европска Унија.

Можеби ќе ве интересира
И ПЕНДАРОВСКИ БИ САКАЛ ИЗМЕНИ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО, АМА ВЕЛИ…

Плусинфо 13/06/2023
ДУИ Ѝ ЈА НУДИ ПОЗИЦИЈАТА ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ НА ВМРО-ДПМНЕ…

Плусинфо 13/06/2023
Усвојувањето на уставните измени е процудера. Во моментов предлгогот е во Министерството за правда, а оттаму треба да биде доставен до Собранието. За уставни измени, ако се почне во овој момент се потребни минумум три и пол месеци, а како што брифираат владини извори очекувањата се дека процесот ќе трае неколку месеци, со оглед на тежината на одлуките и собраниските процедури кои се потребни, за да бидат изгласани.

Владини извори брифираат дека целта на навремено спроведување на уставните измени, согласно Преговарачката рамка е забрзување на процесот на преговори, од старт затворање на две поглавја, забрзување на евроинтеграцијата, а тоа пак овозможува поврзување со европските пазари, економски раст, повеќе инвестиции, извоз, нови работни места.

За Владата суштински е да продолжи дијалогот со опозицијата за обединување во однос на уставните измени. Владата ќе почека неколку дена ВМРО-ДПМНЕ да делегира свои претставници во работната група, но според владини извори засега нема расположение опозициската партија да учествува во работната група.

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија кусо немаат намера да учествуваат во лицитациите на Ковачевски, Османи и Груби, дека имале јасни позиции, од кои не остатупаат.

„ВМРО-ДПМНЕ нема намера да учествува во лицитациите на Ковачевски, Османи и Груби, имавме јасни позиции, од тоа нема поместување. ВМРО-ДПМНЕ има премногу јасни позиции и од тоа нема поместување. Несериозно е продолжувањето со лицитации, кое само покажува дека СДС ниту биле искрени, ниту пак имаат намера да ги заштитат националните интереси, ниту пак вистинска интеграција. За нив ова е борба за функции и за преживување и одбегнување на кривично гонење. Ковачевски треба да знае дека функциите ниту му се во џеб, ниту тој е тој кој дава или зема, тоа го прави само народот на избори“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.