Српско сценарио во БИХ: Во Лукавац ученик застрела наставник

news
Advertisement

Полицијата во Босна и Херцеговина на нозе, граѓаните вознемирени – 13 годишен ученик пукал во наставник во основното училиште во Лукавац.

Advertisement

Во инцидентот кој се случил околу девет часот изутрина во основното училиште, тешко повредениот наставник по англиски јазик е веднаш хоспитализиран со простерелна рана во пределот на вратот. Во моментов е во тек операција, но според лекарите неговата здравствена состојба е стабилна.

МВР Босна и Херцеговина

„Во пукањето е повредено едно лице, Н.О. (1985) од Лукавац, вработен во основното училиште. Обезбедувањето на местото на настанот го вршат полициски службеници, а истрагата ја врши дежурен обвинител. На местото на настанот е присутен и обвинител за малолетници. Согласно одредбите од Законот за заштита на деца и малолетници во кривичната постапка, не можеме да дадеме повеќе информации.“

Ранетиот наставник е син на поранешниот пратеник во босанскиот парламент, Исмет Османовиќ.

Исмет Османовиќ – поранешен пратеник

„Се работи за мојот син. Тој е професор по англиски јазик и помошник на директорот. “

Напаѓачот, пак е поранешен ученик на училиштето кој бил префрлен во друго основно училиште поради лошо поведение. Според неофицијални информации ученикот пукал во наставникот од одмазда, тој и претходно на училиште доаѓал со оружје, а за денешниот инциднет според дел од тамошните медиуми јавно најавувал но никој не реагирал на време.

Ахмед Омеровиќ – министер за образование и наука

„Детето од второ полугодие е префрлено во друго училиште поради изречена дисциплинска мерка. По денешниот инцидент министерството за образование и наука донело одлука со денешниот ден да заврши наставата во сите училишта од областа. Ќе продолжиме со безбедносни активности за побезбедна средина во сите училишта.“

Градоначалникот на Лукавац повика на смиреност и потврди дека во инцидентот нема други повредени, а полицијата реагирала навреме. Но сепак вели имаме системски проблеми, кои мора да ги решиме.

Един Делиќ – градоначалникот на Лукавац

„Малолетникот е веднаш приведен и пронајдено е оружјето. Полицијата реагираше навистина многу брзо, но за жал се случи најлошото.“

Според познавачите и боснаскиот закон кога малолетници ќе извршат кривични дела тогаш се, приведуваат, судија одредува мерка, а прекршителите одат во воспитно- поправен дом или завод. Согласно Законот може да се изречат воспитни мерки, малолетнички затворски казни и мерки на безбедност.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.