Се очекува Стразбур да донесе уште една пресуда во корист на Јанакиески

news
Advertisement

Откако вчера Судот за човекови права донесе пресуда во корист за Миле Јанакиески, неговиот адвокатски тим најавува дека очекуваат судот да се прознесе позитивно и за уште жалба што ја имаат поднесено.

Advertisement

Се работи за случајот „Титаник“ за кој Јанакиески е осуден на три и пол години и за кој веќе издржува затвор.Адвокатот Влатко Илиевски смета дека има основа за уште една позитивна одлука за притворите кои беа одредувани за овој случај.

Очекуваме набрзо да има одлука и по однос и за притворите кои што беа и за притворите кои беа определени за предметот „Титаник“.Како легитимно се поставува за одговорност за сите учесници во овие одлуки со цел не само да се санкционираат туку и да се превенира слична злоупотреба во иднина-објасни Илиевски.

Стразбур вчера констатираше дека на Јанакиески е нарушено правото на слобода со постојаното продолжување на притворите за случаите „27 април“ и „Шпански скали“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.