Зорица Заева и Филипче во име на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираа перики на 15 пациентки кои се лекуваат од рак на дојка

news
Advertisement

ПРВА ЛИНИЈА
Home ОПШТЕСТВО
Зорица Заева и Филипче во име на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираа перики на 15 пациентки кои се лекуваат од рак на дојка
October 6, 2022 19:56

Advertisement

По повод одбележувањето на октомври како Месец за борба против ракот на дојката, Зорица Заева и Д-р Венко Филипче од име на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, во придружба на директорот на Универзитетската клиниката за радиотерапија и онкологија Д-р Нино Васев и вработени во Клиниката, донираа перики на 15 пациентки кои се лекуваат од рак на дојка на оваа клиника, посакувајќи им брзо и успешно оздравување, информираат од Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“.

Оттаму, истакнуваат дека во услови кога расте бројот на заболени од карцином на дојка, но, за среќа, се намалува процентот на смртноста од ова малигно заболување, потребно е, повторно и повторно, да се укажува на најважните нешта кои се во функција на поефикасно справување со болеста.

„Свесност, превенција, информираност, едукација, самопрегледи, редовни мамографски прегледи… тоа се клучните работи кои, во ова современо време, треба да ги знае секоја современа жена. Навременото откривање значи откривање реална шанса за живот. Затоа, постојано апелираме – секоја жена навреме да се прегледува – навременото откривање е предуслов за ракот на дојка да биде може да биде излечен. Сите заслужуваат здравје, сите заслужуваат живот. Борбата против ракот на дојката не е само нивна. Наша е, на секој од нас, на секој поединец, агенција, институција, невладина организација, фондација. Праќаме порака за борба, борба за живот“, наведуваат од Фондацијата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.