Лажно фото и монтирано видео предизвика говор на омраза кон министерката Петровска

news
Advertisement

Министерката за одбрана Славјанка Петровска е повторно мета на говор на омраза и навреди на социјалните мрежи. Нова серија од крајно навредливи, недолични, дегутантни и мизогини коментари „изникна“ на социјалните мрежи по фото и видеомонтажата во која се гледа како наводно претседателот на СДММ, Марко Михаилоски, танцува со министерката за одбрана Петровска, по повод 32 години постоење на младината на социјалдемократите. Додека пак на фотомонтажата и залепиле емотикон „Барби“.

Advertisement

Партиските ботови направија повеќе фото и видеомонтажи со цел да се дискредитира и да се иницира говор на омраза кон министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Цивил медиа се оградува и го осудува експлицитниот говор на омраза кон министерката Петровска. Во продолжение пренесуваме само дел од згозувачките коментари на социјалните мрежи:

ЦИВИЛ најостро ги осудува оркестираните политички хајки со крајно сексистички, мизоген, деградирачки и нечовечки однос и говор на омраза, во случајов кон министерката Славјанка Петровска, како и кон секоја жена и девојка, на, и вон социјалните мрежи. ЦИВИЛ постојано ги повикува институциите да преземат соодветни и остри мерки кон секој што иницира и користи говор на омраза.

Извор: https://civilmedia.mk/lazhno-foto-i-montirano-video-predizvika-govor-na-omraza-kon-ministerkata-petrovska/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.