Демократскиот сојуз: Ковачевски да го повлече закон за амнестија

news
Advertisement

Демократскиот сојуз бара од премиерот Димитар Ковачевски да го повлече новиот Предлог-закон за амнестија, бидејќи овој закон е политички пазар помеѓу коалиционите партнери СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците и продолжение на неодамнешните измени на Кривичниот законик со кои брутално е нападнат правниот поредок.

Advertisement

Демократскиот сојуз нагласува дека Владата го урниса системот на владеење на правото и ги загрози евроинтеграциите на Македонија.

– Воедно ја повикуваме Европската унија да изгради јасен став во врска со измените на Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за функционерите, како и за најновиот предлог закон за амнестија со кој ќе се амнестираат лица сторители на тешки кривични дела. Повеќе од јасно е дека сето ова, како и најавите за дополнителни амнестии се прави наводно за да се изгласаат уставните измени со кои се предлага Бугарите да бидат вградени во Уставот, а суштината е неказнивост на функционерите и да се остане ден повеќе на власт, се вели во соопштението на партијата. – велат од партијата.

Извор: https://24.mk/details/demokratskiot-sojuz-kovachevski-da-go-povleche-zakon-za-amnestija

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.