Бројот на жртвите од земјотресот надмина 11.000 луѓе

news
Advertisement

Бројот на загинатите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија се искачи на 11.000 луѓе, но властите во двете земји очекуваат далеку полош исход. Илјадници луѓе остануваат заглавени под урнатините. Семејства во јужна Турција и Сирија ја минаа и втората ноќ под отворено небо на смрзнувачки температури, додека спасувачките екипи се во трка со времето да извлечат што е можно повеќе настрадани од под урнатините кои ги остави разорниот земјотрес. Бројката на загинати во Турција и Сирија се искачи на 11.000 луѓе, но се стравува дека конечната ќе биде далеку повисока.

Advertisement

Пред болницата во турската провинција Хатај наредени се десетици безживотни тела покриени со ќебиња и чаршафи или најлонски кеси.

Многумина во погодените региони ја минаа ноќта во автомобили или на улиците покриени со ќебиња, исплашени да се вратат во своите домови кои беа потресени од земјотресот со јачина од 7.8 степени во понеделникот.

„Каде се шаторите и храната?“

„Каде се шаторите, каде се камионите со храна?“, прашува 64-годишната Мелек од Антакија, додавајќи дека се уште не видела спасувачки тимови.

„Досега тука немало дистрибуција на храна, за разлика од претходните катастрофи во нашата земја. Го преживеавме земјотресот, но ќе умреме од глад и студ“. Досега во Турција е потврдена смртта на над 8.500 луѓе, а во Сирија- земја уништена од 11-годишната граѓанска војна- загинаа уште најмалку 2.500. Во Турција се повредени над 38.000 луѓе.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи вонредна состојба во 10 провинции. Но жителите во повеќе погодени турски градови се гневни и очајни поради бавната реакција на државата. Се очекува Ердоган да посети неколку погодени подрачја.

Турските власти велат дека од земјотресот се погодени околу 13,5 милиони луѓе на површина од 450 километри, од Адана на запад до Дијарбакир на истокот на земјата.

Под урнатините

Во градот Јандарис во северна Сирија, спасувачите и жителите велат дека се урнале десетици згради. Стоејќи околу остатоците на зграда со 32 стана, роднините на луѓето кои живееле во неа велат дека досега ниту еден не излегол жив.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.