Бубевски: Мислам дека кривичната пријава ќе се совпадне со приказната на осомничените

news
Advertisement

Обвинителот Гаврил Бубевски во утринската програма на српската ТВ Нова изјави дека осомничените за убиството на тинејџерката В.Г и фризерот Панче Жижовски се соочуваат со казна затвор од десет години, како и доживотна казна.

Advertisement

Според него, денеска се очекува првата кривична пријава против осомничените.

„Последната информација е дека на уапсените им е одреден притвор од 48 часа, меѓукои е и таткото на В.Г. Тројца, кој се изјаснија за виновни, а четвртиот, за кој имаме докази дека е вмешан, не признал ништо. Активна е меѓународната потера по убиецот и чекаме да се реализира. Деталите за улогата на таткото се уште се исти“, изјави обвинителот.

Според него, таткото ги дал сите информации за движењата на девојчето – кога ќе биде сама и слично. Киднапирањето на В.Г е поврзано со личен интерес, така рекоа осомничените, го киднапирале детето за да земат пари од мајката. После тоа се случи убиство, кое ја потресе цела нација“, вели обвинителот Бубевски на ТВ Нова.

Тој изјавил дека „киднаперите се плашеле дека полицијата ќе го открие нивниот план, па го убиле девојчето пред нејзината мајка да биде информирана за откупот“.

„Денеска ја очекуваме првата кривична пријава, очекувам да видиме што ќе се собере за да ја имаме целата приказна. Мислам дека пријавата само ќе се совпадне со приказната на осомничените“, рече обвинителот.

Бубевски посочува дека осомничените се соочуваат со казна затвор од 10 години до доживотен затвор.

Ваков случај досега немало, но тоа му дава тежина на овој случај“, заклучува Бубевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.