БУГАРСКИОТ ЕВРОПРАТЕНИК ЏАМБАСКИ ГИ НАВРЕДИ МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ, ТРЕБА ДА СЕ РЕАГИРА, КАЖА СЛОВЕНЕЧКАТА МИНИСТЕРКА ТАЊА ФАЈОН

news
Advertisement

Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон вели дека изјавата на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски е навреда за македонските граѓани и секоја провокативна, неприфатлива и навредлива изјава бара реакција. На заедничката прес-конференција со македонскиот колега Бујар Османи, таа кажа дека се надева дека Македонија ќе испрати дипломатска нота, одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на Џамбаски.

Advertisement

Бугарскиот европратеник во видео на Фејсбук, стоејќи пред карта на голема Бугарија, кажа, меѓу другите навреди, дека Македонија нема никаква историја пред 1944 година и дека Бугарите одлучуваат кои се Македонците.

„Министерот Османи утрово ме извести и за овој немил настан на Џамбаски. Се надевам дека денеска ќе испрати дипломатска нота. Станува збор за навреда кон граѓаните на Република Македонија и јас бев сведок и ги осудував неговите активности и изјави. Сите тие провокации во период кога државите обезбедуваат една позитивна средина во вакви услови, ги повикувам сите пријатели во соседна Бугарија да се воздржат од несоодветни коментари кои внесуваат раздор, нерасположение и конфликти помеѓу населението“, рече Фајон.

Министерот Османи кажа дека денеска ќе биде испратена нота до официјална Софија по повод изјавата на Џамбаски и дека очекува реакција и од бугарските власти.

Османи вели дека МНР морало да реагира, иако се обидувало да го игнорира Џамбаски кој постојано провоцира за себепромоција.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.