Бугарски државјанин фатен со боксирач и навредлив транспарент, МВР со детали!

News

Полицијата уапси бугарски државјанин на граничниот премин Деве Баир, откако кај него биле пронајдени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.

Како што информира МВР, на 12 јануари околу 13:30 часот, при влез во државата, полициски службеници во содејство со царината извршиле контрола на патничко возило „Хонда Џез“ со бугарски регистарски таблички, управувано од Н.И.Л. (47) од Република Бугарија. При прегледот биле пронајдени и одземени недозволените предмети.

По приведувањето, Основниот суд во Крива Паланка му изрекол парична глоба и заштитна мерка – протерување од државата во траење од една година.

Во раните утрински часови на 13 јануари, во 02:10 часот, лицето било спроведено на граничниот премин Деве Баир и предадено на бугарските погранични полициски служби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *