Бурни реакции во Софија за споредбата која ја направи Ковачевски меѓу Русија и Бугарија

news
Advertisement

Дрзок и циничен став, ароганција, провокација и дипломатски скандал се бурните реакции на бугарски пратеници по изјавата на премиерот Ковачевски дека дискурсот на нашиот источен соссед е сличен на однесувањето на Русија кон Украина. Со нова провокација се јави и претседателот на Бугарија Радев кој порача дека Македонија ќе биде демократска само со сонародниците на Гоце Делчев во Уставот.

Advertisement

-Раководството на РСМ може да претендира дека гради модерно мултиетничко општество кога ќе смогне сили да ги запише сонародниците на Гоце Делчев во својот Устав, изјави Румен Радев претседател на Бугарија.

Македонија преговара со ЕУ а не со Бугарија му врати Ковачевски на Радев и кажа кој и како ќе се најде во уставните измени.

-„Откако работната група ќе ги направат амандманите, наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот Устав“, изјави Димитар Ковачевски, претседател на Влада на РСМ

Зошто баш сега Ковачевски дава ваква изјава и која е позадината? Политикологот Благојче Атанасовски е изненаден од зборовите на премиерот велејќи дека и тој и неговиот претходник Заев порано биле многу попустливи кон бугарските провокации.

-Оди во насока на подигнување на намалениот да не речам урнисан рејтинг на СДСМ, каде освен негативните реакции внатре од членството, туку СДСМ како владејачка партија е доста критикувана за попустливиот однос кон бугарските провокации, изјави Благојче Атанасовски, политиколог.

Имајќи во предвид дека времето за уставни измени е кратко а знаејќи ја и политичката клима во земјата, Атанасовски не ја исклучува можноста зад ваквиот став на Ковачевски да се крие можноста за предвремени избори.

-Ако не се обезбедат уставни измени, Македонија би влегла во политичка криза и излезот од тоа знаеме се нови парламентарни избори на крајот на годината, а за тоа е потребна и 100 дена пржинска Влада, вели Атанасовски.

Поени за рејтинг, предвремени избори или нешто сосема трето…екпсертите велат наскроо ќе се знае што мислел премиерот со изјавата дадена во Рејкјавик.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.