Дојави за бомби во ВМА, Клиничкиот центар „Ѕвездара“ и Зоолошката во Белград

news
Advertisement

Дојави за поставени бомби утринава пристигнале во Клиничкиот болнички центар „Ѕвездара“ и Воено-медицинскиот центар (ВМА) во Белград, потврди Министерството за внатрешни работи на Србија. РТС соопшти дека полицијата потврдила дојава за поставена бомба и во Зоолошката градина во Белград.

Advertisement

-Утрово пристигна дојава за поставена бомба. Ја известивме полицијата и веднаш пристигна екипа, која во моментов ја прегледува зградата. Пациентите кои дојдоа во амбулантата на преглед се известени да ја напуштат зградата. Пациентите кои лежат во болницата се во своите соби, соопштија од Клиничкиот болнички центар „Ѕвездара“ за Еуроњус Србија.

Пред два дена дојави за бомби имаше во 115 училишта во Белград, а по направените проверки, беше утврдено дека станува збор за лажни дојави.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.